Флорида гради центар за мигранти од каде никој нема да смее да избега: Ако заминете, ве чекаат алигатори и питони

Точка

24/06/2025

19:39

927

Големина на фонт

а а а

Флорида започна со изградба на нов привремен центар за притвор за мигранти на напуштена писта среде мочуришното подрачје Еверглејдс.

Објектот веќе го доби прекарот „Алигатор Алкатраз“, а проектот го води министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, пишува Би-би-си.

Според неа, објектот ќе биде финансиран „во голема мера“ од средствата на ФЕМА, агенцијата која вообичаено обезбедува помош за недокументирани мигранти. „Под водство на претседателот Трамп, работиме со турбо брзина на економични и иновативни начини за да го испорачаме она што го бара американскиот народ – масовни депортации на криминални нелегални имигранти“, рече Ноем.


Центарот ќе може да прими до 1.000 луѓе, а изградбата би можела да биде завршена во рок од 30 до 60 дена, изјави државниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер.

Локација окружена со природни „чувари“

Новиот центар се гради на местото на јавниот аеродром Дејд-Колиер, на околу 58 километри од Мајами.

Во видео објавено на платформата X, Утмаер изјавил дека станува збор за „речиси напуштен објект и ја нагласил природната непристапност на теренот. „Ако некој се обиде да избега, ќе го пречекаат само алигатори и питони. Нема каде да оди, нема каде да се скрие“, рекол Утмаер. Проценетите годишни трошоци за функционирање на центарот се околу 450 милиони долари.

Еколошки ризици и политички поделби

Планот веднаш предизвика жестока реакција. Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава, демократка, предупреди дека градењето во толку чувствителна област може да има „разорни последици за екосистемот на Еверглејдс“.


Иако официјалните лица нагласија дека објектот нема да биде сместен во границите на Националниот парк Еверглејдс, загриженоста останува. Паркот е ретко мочуришно подрачје кое вклучува разновидни природни системи и е дом на бројни заштитени видови.