Сезоната на пливање во море и базени штотуку започна, па купувањето костими за капење е во полн ек.
Најголем дел од луѓето мораат да ги пробаат костимите пред да ги купат, за да видат дали моделот и бојата на одговара на формата на нивното тело. Сепак, пробувањето во продавница може да биде доста опасно за здравјето и треба да се биде многу внимателен.
Имено, пластичната заштита што се наоѓа на долниот дел од костимот за капење (во средината на гаќичките) која инаку треба да претставува заштита од телесни течности и микроби, се покажало дека е неверојатен извор на инфекција – тврдат научниците.
Избегнете инфекција
На речиси сите пробувани примероци кои биле тестирани биле пронајдени траги од кожа, измет и бактерии, кои го поттикнуваат развојот на вагинални габи, а со тоа и сериозни инфекции, а најмногу вируси и бактерии биле пронајдени на костими за капење и долна облека. Сето ова се случува затоа што жените многу често ја соблекуваат долната облека при пробување костими за капење.
„Квалитетот на продавницата воопшто не влијаеше на тоа колку биле валкани костимите за капење. А кога станува збор и за скапи и за евтини продавници, трагите од бактерии беа подеднакво присутни“ објасни д-р Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија.
За да се избегне инфекција, многу е важно да се нагласи дека долните делови од костимот за капење никогаш не треба се пробуваат на гола кожа, туку само преку гаќички.
Како да го намалите ризикот од инфекција
При пробување костим за капење, никогаш не ја соблекувајте долната облека.
Пред првото носење, костимот за капење задолжително да се измие.
По купувањето или пробувањето на костимот за капење, задолжително измијте ги рацете, бидејќи тоа го намалува ризикот од пренесување на вируси и бактерии во организмот.