На актерката Сара Џесика Паркер ѝ било срам да гледа венчаници и да се венча во бело, па го купила првиот фустан којшто го нашла. Сега многу се кае поради тоа.
Поголем дел од девојките фантазираат за својата венчаница и се замислуваат во неа, но актерката не го направила тоа.
Сара сме навикнале да ја гледаме на малите екрани, но и надвор од нив во впечатливи модни комбинации. Нејзиниот лик Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ станал модна икона ширум светот и сигурни сме дека не би го одобрил нејзиниот избор на венчаница кога се венчала за својот сопруг Метју Бродерик на 19 мај 1997 година.
Тие двајца воопшто не сакале да прават фама од венчавката, па и на поканите пишувало дека луѓето ги повикуваат на забава, а таа сите ги изненадила со изборот на венчаница, појавувајќи се во црн фустан.
„Ох, би сакала тоа да беше така затоа што бев кул“, раскажала актерката во 2016 година, па додала: „Ми беше срам да трошам време на гледање венчаници“.
Подоцна актерка изјавила дека ѝ било глупаво да се венча во бело.
„Ниту јас ниту Метју не сакавме луѓето да обрнуваат толку внимание на нас. Што е смешно затоа што тогаш природно уживате во вниманието“.
Како што признала, таа го купила првиот фустан којшто го видела.
„Постоеше една продавница која ми се допаѓаше и која ја знаев и едноставно отидов таму и купив тоа што имаа“, рекла Сара.
Станува збор за фустан којшто го дизајнирала Морган Ле Феј, а којшто имал рамки и повеќеслојно здолниште.
Иако Сара мислела дека црниот фустан нема да привлече внимание, го постигнала токму спротивното и влегла во модната историја, а ги охрабрила и останатите познати личности да се осмелат да бидат послободни кога станува збор за изборот на венчаница.