Нетанјаху: Израел е близу остварување на своите цели во Иран

Нетпрес

23/06/2025

08:10

695

Големина на фонт

а а а

Израел е многу блиску до остварување на својата цел за елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран, тврдеше во неделата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој вети дека нема да дозволи Израел да биде вовлечен во војна на исцрпување, но исто така рече дека нема предвреме да ги запре нападите врз Иран.

„Нема да ги спроведуваме нашите дејствија надвор од она што е потребно за нивно постигнување, но исто така нема да завршиме предвреме. Кога ќе се постигнат целите, операцијата е завршена и борбите ќе престанат“, им рече Нетанјаху на израелските новинари.

„Немам сомнение дека ова е режим кој сака да нè уништи и затоа ја започнавме оваа операција за отстранување на две конкретни закани за нашето постоење: нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Чекор по чекор се движиме кон постигнување на тие цели. Многу, многу сме блиску до нивно постигнување“, додаде израелскиот премеир.

Тврдеше и дека иранскиот нуклеарен полигон Фордо бил „многу лошо оштетен“ од американските бомби за уништување бункери претходната ноќ, но дека обемот на штетата останува да се види. Досега највисоките америакнскит функционери во изјавите тврдеа дека иранската нуклеарна програма е „мртва“, но Пентагон беше многу порезервиран во проценките и побара време. Ирански извори, пак, изјавија дека бидејќи бил претпоставен удар врз нивниот клучен нукклеарен ценар во Фордо, нуклеарниот материјал од него, како и од и Исфахан и Натанцм, бил навремено преместен.

Кога беше прашан за тоа каде се наоѓа 60 отсто збогатениот ураниум на Иран, Нетанјаху рече: „Внимателно го следиме тоа. Можам да ви кажам дека тоа е важна компонента на нуклеарната програма“. „Тоа не е единствената компонента. Тоа не е доволна компонента. Но, тоа е важна компонента и имаме интересни информации за неа. Ќе ми простите ако не ги споделам со вас“, рече.

Пред првите израелски напади врз неговите постројки за збогатување на 13 јуни, според непотврдени тврдења на западните аналитичари, Иран го рафинирал ураниумот до чистота од 60 отсто, што е мал чекор до околу 90 отсто, квалитет неопходен за нуклеарна бомба и далеку над ограничувањето од 3,67 отсто наметнато со нуклеарниот договор од 2015 година, до кој Иран се придржуваше сè додека американскиот претседател Доналд Трамп еднострано не ги повлече САД од договорот во 2018 година и ги врати децениските антиирански санкции.