Фати Васкез (29) по одморот со Јамал (17): Ме нарекуваат педофилка, ми се закануваат

Точка

21/06/2025

12:40

3.214

Големина на фонт

а а а

Фати Васкез, шпанска инфлуенсерка и креаторка на содржини на "OnlyFans", последниве денови е во центарот на жестока јавна полемика откако се појавија фотографии од нејзиниот одмор во Италија со 17-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал.

Иако и двајцата јавно изјавија дека не се во романтична врска, комбинацијата од разликата во години и нејзиниот интернет имиџ предизвика лавина негативни реакции, вклучувајќи и смртни закани и обвинувања за педофилија.

„Ме нарекуваат педофилка, добивам смртни закани“

Васкез неколкупати јавно проговори за ситуацијата, потенцирајќи колку се сериозни последиците од интернет линчот – не само за неа, туку и за нејзиното семејство, како и за самиот Јамал. Во најновото гостување во емисијата "La Familia de la Tele", изјави:

„Буквално ме напаѓаат од сите страни и тоа ми изгледа неверојатно неправедно. Имам 29 години – сè уште не сум ни наполнила 30. Не сум направила ништо лошо, никого не сум повредила. Ова ја погодува и мојата фамилија. Искрено, не сакам ситуацијата уште повеќе да се влоши. Станува збор за смртни закани, за тоа што ме нарекуваат педофилка, за навреди … Веќе е премногу.“



Посебно ги истакна двојните стандарди во јавната перцепција кога станува збор за врска меѓу повозрасен маж и помлада жена – и обратно:

„Кога се работи за маж постар од жената – никој не реагира. Но, кога е жена со помлад маж – тоа веднаш станува проблем.“

Размислува за правни чекори

„Само поминав неколку дена со него – точно она што се гледа на фотографиите. Тоа е сè. Нема да зборувам повеќе и не сакам ова да се претвори во скандал. Не ми треба такво нешто.“

На "Instagram" порача дека сите заканувачки коментари се документирани и дека размислува за тужба:

„Заканите, навредите и лажните обвинувања што ги добивам се сериозни и веќе се документирани. Клевета, вознемирување и закани на социјалните мрежи се – кривично дело.“



Што точно се случило?

Сè почна кога фанови на социјалните мрежи забележале сличности на фотографии кои Васкез и Јамал одделно ги објавиле од летувањето во Италија. Исти пејзажи, позадини, па дури и заеднички активности како возење џет-ски – сето тоа предизвикало шпекулации за можна романса.

Меѓутоа, Јамал брзо ги негирал тие инсинуации, а Васкез истото го повторила, изјавувајќи дека меѓу нив нема ништо романтично.



Зошто јавноста реагираше толку бурно?

Главната причина за осуда на социјалните мрежи е возрасната разлика меѓу Васкез и Јамал, како и фактот дека таа е возрасна жена која минува време со малолетен спортист.

„Да беше маж на одмор со 17-годишно девојче, интернетот ќе експлодираше од омраза“, напиша еден корисник.

Други коментираа: „Што прави возрасна личност со некој толку многу помлад? Тоа едноставно нема смисла.“

Расправата брзо се прошири и на тема родови двојни стандарди. Многумина го споредуваа случајот со познати примери на машки ѕвезди – како Леонардо ди Каприо, кој бил во врски со многу помлади жени, но не добил исто ниво на јавна осуда.


Која е Фати Васкез?

Фати Васкез не е непозната во шпанската јавност. Кариерата ја започна како стјуардеса, но наскоро се префрли на социјалните мрежи каде изгради моќен личен бренд.

Денес има над 445.000 следбеници на "Instagram" и повеќе од еден милион претплатници на "YouTube". На "OnlyFans" објавува ексклузивна содржина, а е позната и по својата борба против врсничкото насилство.

Во 2020 година ја објави автобиографската книга „И нека дојдат по мене“, во која отворено зборува за траумите од младоста:

„Тажно е да се види колку темнина носат некои луѓе во себе кога се подготвени да посакаат смрт на некој што ни не го познаваат. Она што другите го проектираат – зборува повеќе за нив отколку за мене.“