Шпанија во шок – Шампионка почина пред големо натпреварување

Точка

29/07/2025

18:09

3.632

Големина на фонт

а а а

Лорена Бланко (37), шпанска бодибилдерка и фитнес шампионка, ненадејно почина. Таа само се срушила во својот дом, а се сомнева дека станува збор за срцев удар. Лекарите брзо интервенирале и ја однеле во болница, но не успеале да ѝ го спасат животот, пренесе таблоидот „The Sun“.

Инаку, Лорена се подготвувала за настап на натпреварувањето во Лас Вегас, најпрестижниот настан во женскиот бодибилдинг.


Лорена станала професионалец во 2023 година, а оваа сезона учествувала на седум меѓународни натпревари. Најголемиот успех го постигнала на „Tahoe Pro“, каде што го освоила 4. место, со што се квалификувала за „Ms. Olympia“. Таа тренирала во „Club Fluvial de Lugo“, под водство на нејзиниот сопруг Иси Боланјос, исто така познат тренер.

Веста за нејзината смрт предизвика бројни реакции во фитнес светот, со пораки за поддршка до нејзиното семејство и апел за повнимателно следење на здравјето на врвните спортисти.

„Овие ненадејни срцеви удари им се случуваат на многу врвни спортисти и речиси никој не преживува. Мислам дека тоа има врска со големината на нивните срца со оглед на тоа колку тренираат“, гласи еден коментар на социјалните мрежи.

Неодамна, фитнес светот беше потресен од уште една трагедија. Бодибилдерката Зунилда Охос Мендез беше претепана до смрт со чекан, а се сомнева дека тоа го сторил нејзиниот сопруг пред да се убие со нож. Полицијата тогаш потврди дека покрај Мендез било пронајдено телото на нејзиниот сопруг, 46-годишниот Џерод Џелинг, со рани од нож.