Вардар го промовираше Чупиќ: Клупската легенда е нов тренер на „црвено-црните“

Дерби

20/06/2025

13:20

328

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар следната сезона ќе имаат нов тренер и тоа ќе биде поранешниот член на оваа екипа, Иван Чупиќ.

Некогашниот хрватски репрезентативец ќе го наследи Гилјермо Милано и ќе добие можност да се врати во СЦ „Јане Сандански“, каде постигна историски резултати како член на „црвено-црните“.

Во кратката тренерска кариера Чупиќ досега го водеше матичниот клуб Метковиќ, а по искуството во хрватското првенство, сега се сели во Скопје, каде денеска беше промовиран од Вардар на официјална прес-конференција.

Милано претходно мораше да замине од клубот по разочарувачкиот финиш на сезоната и поразот од Еурофарм Пелистер во директниот дуел за титулата во македонското ракометно првенство.

Во стручниот штаб на Чупиќ ќе биде и Марио Келентриќ, кој веќе е промовиран како нов тренер на голманите.