Реал Мадрид вчера освои бод во дуелот со Ал Хилал, натпревар на кој не реализираше пенал во завршницата и испушти можност да ги освои трите бода на првиот настап на Светското клупско првенство.
Главниот судија имаше многу работа на овој натпревар, а досуди два пенала, од кои едниот беше реализиран и тоа од Рубен Невеш, кој фактички го обезбеди бодот за претставникот на Саудиска Арабија.
Поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалес ги коментирал судиските одлуки за „Кадена СЕР“ и потенцирал дека судијата погрешил што му доделил пенал на Ал Хилал.
– Според мене, она што го направи Асенсио не е доволно за пенал. Факт е дека нема потреба од таков потег во шеснаесетникот, но една работа е јасна. Тој го задржа за момент, но не му го спречи или попречи движењето и тоа е клучно зошто не требаше да биде пенал.
– Во втората ситуација има јасно движење на левата рака кон лицето на противникот и силен удар. Тоа беше чист пенал, – заклучил Итуралде.
Raúl Asencio pierde el balón y regala un penalti.
— nenn (fan) (@FCB_nenn) June 18, 2025
Lo llegaron a comparar con Cubarsi😭
pic.twitter.com/NY1BD0fpB0