Науката потврдува дека добриот сон е еднакво важен за здравјето како и правилната исхрана и вежбањето.
А, едно конкретно овошје, доколку се јаде секојдневно, би можело да биде клучно за квалитетен ноќен одмор. Имено, новото истражување сугерира дека јадењето на едно авокадо дневно може позитивно да влијае на сонот.
Учесниците во истражувањето кои секој ден шест месеци јаделе по едно авокадо, пријавиле квалитетно спиење во споредба со оние кои во тој период јаделе помалку од две авокада месечно.
Научниците го проучувале и влијанието на тие навики за здравјето на срцето затоа што од претходни истражувања, познато е дека недостатокот на сон или честото будење во текот на ноќта го зголемува ризикот од болести на срцето.
Во студијата учествувале 969 возрасни Американци, сите зголемени во делот на струкот, што е ризик фактор за срцеви болести. Учесниците биле поделени во две групи: една јадела по едно авокадо дневно, а друга помалку од две месечно.
Го намалува ризикот од маснотии во крвта
Нивното кардиоваскуларно здравје потоа било проценето со помош на алатки од „Life’s Essential“, американско здружение за срце кое го следи квалитетот на исхраната, телесната активност, изложеност на никотин, сон, телесна тежина, крвен притисок, маснотии во крвта и шеќер во крвта.
Се докажало дека секојдневното консумирање авокадо е поврзано со подобар квалитет на исхраната, поволен липиден профил (маснотии во крвта) и подобар сон.
Содржи бројни нутриенти кои влијаат на сонот
Иако оваа студија изворно не била насочена исклучиво кон проучувањето на сонот, отворила простор за понатамошни истражувања за тоа како хранливите состојки од авокадото помагаат и во чување на здравјето на срцето.
Авокадото содржи бројни нутриенти кои влијаат на сонот. Тоа е добар извор на триптофан, аминокиселини кои помагаат во создавање на серотонин, хормонот којшто влијае на расположението и спиењето.
Содржи и фолати кои се важни за произведувањето мелатонини, потоа магнезиум којшто ги опушта мускулите и придонесува во подоброто регулирање на сонот. Магнезиумот од авокадото помага во стабилизирање на нивото на шеќерот во крвта.
Освен тоа, растителните влакна и незаситените масти во авокадото позитивно делуваат врз здравјето на срцето.
Растителните влакна помагаат во намалување на холестеролот и контролата на шеќерот во крвта, додека пак здравите масти го намалуваат нивото на лошиот холестерол, а го зголемуваат нивото на добриот холестерол.
Покрај тоа, цената на едно авокадо изнесува околу 1 евро, што значи дека секој може да го купи.