Фотографија од салата по доделувањето на Оскарите згрози многумина: „Можеш да ги имаш сите пари на светот и пак да немаш стил“

Точка

16/03/2026

20:34

1.072

Големина на фонт

а а а

По доделувањето на Оскарите, вниманието на јавноста го привлекоа неколку фотографии и снимки од салата „Dolby Theatre“, покриена со ѓубре. Сцените од празни шишиња, амбалажи од храна, коверти и друг отпад предизвикаа згрозување кај многумина, кои не го криеја разочарувањето од однесувањето на холивудската елита.

Една од фотографиите, објавена на социјалните мрежи, ја прикажува состојбата во салата утрото по завршувањето на церемонијата.

Корисниците на социјалните мрежи беа згрозени од објавата.

„Човек би помислил дека знаат да користат канта за ѓубре“, гласеше еден коментар, додека други беа уште поостри: „Одвратно. Нималку стил“, „Можеш да ги имаш сите пари на светот и пак да немаш стил“, „Какви свињи“, се дел од коментарите.

Многумина ја истакнаа иронијата на ситуацијата во која некои од најгламурозните ѕвезди во светот зад себе оставиле сцени што потсетуваат на хаос по детска забава. „Тоа е навистина одвратно. Зарем никаде нема канти за ѓубре?“, се прашуваа корисниците на интернет.

Свечената церемонија на доделување на 98-те по ред награди на Американската академија за филмска уметност и наука траеше повеќе од три часа, а истата се одржа во познатиот театар „Dolby Theatre“ во Холивуд, во Лос Анџелес.


Најпрестижните признанија ги освоија актерот Мајкл Б. Џордан за најдобра машка улога, Џеси Бакли за најдобра женска улога, а филмот „One Battle After Another“ беше прогласен за најдобро филмско остварување и освои дури шест златни статуетки.

Филмот победи во категориите за најдобар филм, најдобра режија (Пол Томас Андерсон), најдобра монтажа (Енди Јургесен), најдобро адаптирано сценарио (Пол Томас Андерсон), најдобра споредна машка улога (Шон Пен), како и наградата за најдобар кастинг (Касандра Кулукундис).