Челси ја оправда фаворитската улога на дуелот со Лос Анџелес и успеа да ги освои посакуваните три бода на првиот натпревар на Светското клупско првенство.
Премиерлигашот на овој начин си ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата, а до триумфот стигна пред многу малку навивачи на стадионот во Атланта.
Менаџерот Енцо Мареска секако не е навикнат на ваква атмосфера, па го истакнал тоа по крајот на средбата.
– Мислам дека атмосферата беше многу чудна, стадионот беше речиси празен.
– Ние сме професионалци и мора да се адаптираме на условите, моравме да се адаптираме и на овој стадион и мислам дека добро се снајдовме, – рекол менаџерот на Челси.
Според податоците на ФИФА, на стадионот во Атланта со капацитет од 71.000 седишта, присиствувале нешто повеќе од 22.000 гледачи.