Раководството на Барселона сака елегантно да го реши трансферот на Нико Вилијамс и веќе има добиено позитивен одговор од фудбалерот, кој прифатил да се пресели во редовите на каталонскиот гигант.
Нико беше поврзуван со Барса уште минатото лето, но сега клубот може да биде поконкретен и според шпанските медиуми, веќе решил да ја активира откупната клаузула на шпанскиот репрезентативец.
Истата изнесува 58 милиони евра и Атлетик Билбао ќе мора да му дозволи заминување на Вилијамс, пред се поради фактот што и фудбалерот ја избрал токму Барселона.
Останува да бидат дефинирани личните услови со фудбалерот, но тука Барса не би требало да наиде на големи проблеми, бидејќи може да излезе во пресрет на барањата на Вилијамс.
Нико е член на Атлетик од 2021 година.