Кајл Вокер замина на позајмица во Милан со цел да се избори за перманентен трансфер, па иако првичните сигнали беа позитивни, катастрофалната сезона го натера клубот од „Сан Сиро“ целосно да го менува планот, но и проектот.
Во такви услови, Вокер извиси и остана без трансфер во Милано, а враќањето во Манчестер Сити дефинитивно нема да биде за долго.
Искусниот десен бек не е во плановите на Пеп Гвардиола и веќе преговара со неколку клуба, но англиските медиуми сега јавуваат дека највозбудлив е проектот кој му го нуди Евертон.
Деветкратниот англиски шампион му понудил на маса едногодишен договор на 35-годишниот десен бек, кој според „Сан“ во овој момент и дава приоритет на понудата од „Карамелите“.
Иако договор не е постигнат, двете страни остануваат со позитивни вибрации за комплетирање на зделката, која дефинитивно би му донела огромно засилување на Дејвид Мојс.
Евертон во новата сезона ќе игра на новиот стадион кој го изградија челните луѓе на клубот, а Вокер дефинитивно би претставувал ресурс со кој амбициите би биле уште поголеми за клубот од Ливерпул.