Реал се интересира за стопер на ПСЖ, Луис Енрике испрати јасна порака

Дерби

17/06/2025

14:00

366

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид доби две освежувања за Светското клупско првенство во Дин Хаусен и Трент Александер Арнолд, па иако беше потврден и трансферот на Франко Мастантуоно, младиот Аргентинец ќе се пресели во Шпанија во месец август.

Новиот тренер Чаби Алонсо ќе добие појасни сигнали за тимот со кој располага на турнирот во САД и после тоа се очекува уште посериозна офанзива на трансфер пазарот, а информациите кои пристигнуваат од Шпанија и Франција го поврзуваат „кралскиот клуб“ и со фантастичниот стопер на ПСЖ.

Вилијам Пачо доби неверојатна доверба од Луис Енрике и се претвори во клучен фактор во тимот на Лучо, па по брилијантната сезона во која освои се што можеше да се освои, нормално е да има интерес за неговите клубови.

По натпреварот со Атлетико Мадрид, еден од новинарите кој го интервјуираше Луис Енрике му ја посочи опасноста да остане без својот столб во одбраната, по што Шпанецот без двоумење испрати кратка и јасна порака.

– Сите ги сакаат нашите играчи, но во овој момент е многу тешко да добиете играч од ПСЖ, – изјави Луис Енрике.