Ривали како Милан и Јувентус водат жестоки битки на сите меѓусебни дуели, но изминатиот период реализираа и неколку трансфери со кои потврдија дека можат да постигнат џентлменски договор во одредени ситуации.
Пјер Калулу е последниот играч кој од Милан се пресели во Јувентус, шпекулации постоеја и за сличен потег на Томори, а италијанските медиуми сега се преполни со сензационални наслови кои најавуваат атрактивна размена на фудбалери.
Според ова сценарио, Тео Ернандес би се преселил во редовите на Јувентус, додека Милан би го добил Душан Влаховиќ, што секако е желба на новиот тренер Макс Алегри.
Двата клуба би си помогнале бидејќи договорите на Ернандес и Влаховиќ истекуваат следната година, па со евентуална размена би се избегнала потребата од задолжителна продажба ова лето.
За разлика од Влаховиќ кој досега не беше директно поврзуван со некој голем клуб, Ернандес наводно имал желба да замине во Атлетико Мадрид, но Милан нема добиено понуда од шпанскиот клуб, а Французинот пак не сакал да го прифати трансферот во Ал Хилал.