Диего Симеоне не бараше изговори по тешкиот пораз од ПСЖ на стартот на Светското клупско првенство и не сакаше да се преокупира со спорните судиски одлуки, ставајќи фокус на квалитетот на ривалот кој неодамна ја освои и титулата во Лигата на шампиони.
Европскиот шампион повторно покажа дека е убиствен пред противничкиот гол и постигна четири погодоци во мрежата на Атлетико, а според Чоло, неговиот колега од спротивната страна има многу полесни ресурси за работа во ситуација кога добива засилувања како она во јануари.
Аргентинскиот стручњак го посочи Квича Кварацхелија како фактор кој носи голема разлика во актуелниот тим на ПСЖ, фудбалер кој освои се што можеше да се освои во Париз после само неколку месеци во тимот на Лучо.
– Сите знаеме каков потенцијал и каков квалитет поседува ПСЖ. Луис Енрике на средина на сезоната почувствува потреби во тимот, и за возврат го доби Кварацхелија за 70 милиони евра.
– ПСЖ е фантастичен тим, играат добар фудбал и тоа го покажуваат во континуитет. Покрај тоа што имате квалитетни фудбалери, треба да направите да играат добро заедно. ПСЖ навистина го прави тоа и беше поквалитетен ривал. Ние двапати се обидовме да се вратиме во мечот, имавме шанса преку Гризман на 1:0, а потоа и ни беше поништен гол кој ретко се поништува на 2:0, – изјави Симеоне.