[ВИДЕО] Вембањама и Спарс направија клучен брејк, НБА ќе добие нов шампион

Дерби

31/05/2026

09:48

149

Големина на фонт

а а а

Сан Антонио ќе ја претставува западната конференција во големото НБА финале, а за можноста да се бори за титула стигна со голема гостинска победа (103:111) над актуелниот шампион Оклахома Сити.

Спарс водеа во текот на речиси целиот натпревар и ја одбранија предноста и во клучните моменти, посебно кога Оклахома Сити мораше да го направи финалниот притисок и во моментите кога Виктор Вембањама имаше пет лични грешки.

Французинот беше најдобар реализатор на гостите со 22 поени, Шампањ постигна два помалку, по што следуваше Касл со 16 поени.

Гилџис-Александер со 35 поени го предводеше тимот на Оклахома Сити, кој не успеа да остане во трката за одбрана на титулата и ја заврши сезоната.

Противник на Сан Антонио ќе му биде Њујорк, а првиот натпревар ќе се игра во четврток наутро.