Моника Белучи е среќна и задоволна жена која блеска на 60 години, гордо чекорејќи рака под рака со својот нов партнер, познатиот режисер Тим Бартон.
Италијанската актерка се појави на Филмскиот фестивал во Таормина облечена во тесен, црн, чипкан и проѕирен фустан, под кој јасно се наѕираа нејзините црни гаќички.
Самоуверена и блескава, Моника во ова смело издание се појави за да ја прими наградата, додека до неа стоеше нејзиниот партнер Тим Бартон.
На прагот на седмата деценија од животот, Белучи успешно ги комбинира класичната елеганција, мистиката и готските елементи преку фустан со послободен крој. Атмосферата под отвореното сицилиско небо совршено се вклопи со нејзиниот темен, готски стил. Фустанот го надополни со мала црна ташна, дискретен накит, темен очен мејкап и нежна „нуд“ нијанса на кармин.
Овој невообичаен и слободен стил може да биде доказ дека Моника вистински ужива во врската со Тим и дека се чувствува заводливо и самоуверено во сопствената кожа.
Нејзиниот партнер, Тим Бартон, беше облечен во црно одело и кошула, совршено усогласен со стајлингот на Моника Белучи.
Двојката официјално е во врска од октомври 2023 година, кога заедно работеа на серијата „Битлџус Битлџус“.