Официјално: Ливерпул и Баер постигнале договор за Вирц

Дерби

13/06/2025

12:36

281

Големина на фонт

а а а

Преговорите меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен за Флоријан Вирц денеска се комплетирани, по што наскоро ќе биде потврден и трансферот на Германецот на „Енфилд“, – пренесе угледниот новинар Бен Џејкобс.

Иако беше јасно дека Вирц е многу блиску до трансфер во редовите на англискиот првак, двете страни долго преговараа околу деталите и клаузулите во договорот, за на крај да биде потврдена формулата која одговара на двете страни.

Бундеслигашот веднаш ќе добие 100 милиони фунти, додека уште 16 милиони фунти ќе зависат од настапите и трофеите кои Вирц ќе ги освои со Ливерпул наредниот период.

Вирц ќе биде еден од десетте фудбалери за кои досега се платени над 100 милиони фунти од страна на клуб од Премиер лигата, а допрва ќе треба да ги помине и медицинските прегледи.

Трансферот на Германецот е и нов клупски рекорд на Ливерпул, откако досегашниот рекорден трансфер беше поврзан со трансферот на Вирџил ван Дајк.