Меџик со предупредување за Дончиќ: Треба да сфати една работа

Дерби

13/06/2025

14:14

729

Големина на фонт

а а а

Трејдот со кој Лука Дончиќ стана член на Лос Анџелес Лејкерс ја шокираше кошаркарската сцена, а Словенецот ќе се обиде да ја освои првата НБА титула токму со славниот тим од Калифорнија.

Тоа мора да му биде и приоритет, вели легендарниот Меџик Џонсон, кој во последната изјава за „ЕСПН“ потенцирал дека Дончиќ има една и основна задача, а тоа е титула.

– Лука мора да сфати дека ова не е Далас.

– Коби нè водеше до титулата, истото го направија и Шек и Леброн, па очекуваме истото да го направи и Дончиќ.

– Ние воопшто не треба да зборуваме за тоа дека треба да биде во подобра форма, би требало тој да се ангажира на таа тема, посебно што е супер ѕвезда, – рекол Меџик.