Хамилтон ги коментирал шпекулациите за отказ на Васер од Ферари

Дерби

13/06/2025

12:14

219

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон и натаму се обидува да се адаптира во и сезонава неубедливиот болид на Ферари, но истовремено инсистира дека никој во тимот не размислува и не разговара за промена на тимскиот шеф Фредерик Васер.

Неколку италијански медиуми шпекулираа дека Васер може да добие отказ поради слабиот почеток на Формула 1 сезоната, но Хамилтон инсистира на соработка со Французинот.

– Имам одлична соработка со Фред и тој е причината што сум тука во овој тим и секогаш ќе му бидам благодарен за тоа.

– Заедно сме во овој проект, работиме напорно зад сцената, работите не се перфектни, но сигурен сум дека тој е човекот кој ќе не однесе на врвот.

– Многу луѓе не ни знаат што се случува во позадина, не се разговара на таа тема, не гледам дека оваа опција е реална и секако не би ја поддржал, – рекол Хамилтон во пресрет на трката за ГН на Канада.

Васер дојде во Ферари во 2023 година, а сезонава неговиот тим обезбеди само три подиуми и една победа на спринт трка.