Фудбалер на Црвена Звезда го нападна Обрадовиќ: Најголем лицемер!

Дерби

13/06/2025

11:57

246

Големина на фонт

а а а

Српскиот фудбалер Немања Радоњиќ повторно е во центарот на вниманието на спортската јавност во својата земја, а сега причина е неговиот коментар на сметка на Жељко Обрадовиќ.

Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан се пожалил на ситуацијата во домашното првенство, во кое црно-белите допрва треба да се борат за трофејот, алудирајќи на суспензијата на четири натпревари која му беше доделена на крајот на минатата сезона.

– Од кога дојдов во Партизан инсистирам на фер-плеј. Секогаш се борам и ќе се борам за тоа. Јас не сум човек кој може да го промени светот. Не можам да зборувам за првенството на Србија, но сите знаете што се случи минатата година. Тоа беше скандал од невидени размери. Ми рекоа дека натпреварот ќе продолжи утре, ги испратив играчите дома, а по еден час не повикаа да се вратиме на теренот. Секако, не го направивме тоа, бев казнет со четири натпревари забрана за водење на тимовите. Дај Боже никогаш да не го водам Партизан во српскиот шампионат, со луѓето кои во моментов ја водат лигата, – рекол синоќа Обрадовиќ.

– Најголем лицемер, – коментирал фудбалерот на Црвена Звезда под изјавата на Обрадовиќ, што секако отворило голема дебата и привлекло многу навреди на негова сметка од страна на фановите на вечниот ривал.

– Ред е „најголемиот“ и да освои нешто, – дополнително коментирал Радоњиќ.

Претходно, фудбалерот на Звезда беше во фокусот и по изјавата на фудбалскиот селектор Драган Стојковиќ, кој на прес-конференција јавно порача дека не планира да го повикува во националниот тим бидејќи „фудбалерот се уништувал себеси и секој колектив во кој настапува“.