Олимпија го промовираше Митровски и го собори клупскиот рекорд за Македонецот

Дерби

13/06/2025

11:30

241

Големина на фонт

а а а

Димитар Митровски одигра одлична сезона во редовите на Вараждин и си обезбеди трансфер во многу поамбициозен клуб.

Се работи за Олимпија, словенечкиот клуб кој денеска го промовираше македонскиот репрезентативец за свој нов член и големо засилување за идната сезона.

Олимпија потврди дека Митровски пристигнува во Љубљана во трансфер кој е нов клупски рекорд, што подразбира дека хрватски Вараждин за овој трансфер заработил околу 1 милион евра.

Митровски потпишал договор до 2028 година.