Трент објасни зошто направи значајна промена во името кое ќе го носи на дресот

Дерби

13/06/2025

08:21

575

Големина на фонт

а а а

Трент Александер Арнолд вчера ја дочека својата промоција како играч на Реал Мадрид и тоа за него значеше остварување на вториот сон, бидејќи досега го живееше оној првиот како член на саканиот и матичен Ливерпул.

Англискиот репрезентативец доаѓа како големо освежување за тимот кој ќе го води Чаби Алонсо и ќе може да настапи уште на Светското клупско првенство, турнир од кој ќе почнеме да го гледаме десниот бек во едно сосема ново руво.

Наместо црвениот дрес на Ливерпул, ќе го носи белиот на Реал Мадрид, но целосно различни ќе бидат и бројот на неговиот грб, но и името.

Англичанецот ја носеше „66-та“ во Ливерпул и на неговиот грб стоеше Александер-Арнолд, но сега и двете работи се менуваат во Реал.

Дефанзивецот го избра бројот „12“ кој во минатото беше сопственост на Марсело, а наместо Александер-Арнолд, отсега на дресот ќе му пишува само Трент.

– Зошто само Трент? Од толку многу патувања во Европа, сфатив дека моето име е комплицирано за доста луѓе. Поради тоа што има три зборови во моето име, дојдовме до ситуација некој да ме нарекува Александер, некој Арнолд, а други Трент. Се кажуваат премногу работи за иста личност, па решив да го направам поедноставно и полесно. Трент е моето име и отсега ќе стои Трент на мојот грб. Така нека ме нарекуваат фановите, – објасни Арнолд.