Сабрина Карпентер (26) привлече големо внимание со своето појавување на најновата насловна страница на музичкото списание „Ролинг стоун“.
Пејачката позира само во бели чорапи до бедрата и со долги, платинести екстензии што ѝ ги покриваат градите и задникот, клечејќи пред наргиле. Во кадарот се гледа и една бела салонка, а целата сцена остава впечаток на внимателно осмислена естетика.
Во остатокот од фотосесијата, Сабрина носи различни комбинации инспирирани од долна облека – меѓу нив корсети, мрежести чорапи, фустани со шлиц и пастелни тонови.
Фотографирањето се одвивало на цветна ливада, а зад камерата стои познатиот уметнички фотограф Дејвид ЛаШапел.
Карпентер одамна е препознатлива по смелите сценски изгледи, особено за време на нејзината турнеја „Short N’ Sweet“. Шишките и специфичната фризура ѝ станаа заштитен знак.
Најави нов албум
Да потсетиме, Сабрина го најави и својот нов албум со наслов „Најдобриот пријател на човекот“ (Man's Best Friend). „Мојот нов албум Man's Best Friend 🐾 излегува на 29 август 2025“, напиша таа покрај фотографијата од насловната страна на албумот, која привлече најголемо внимание.
Имено, Сабрина – позната по своите интересни игри со зборови, но и по хореографиите – позира на фотографијата клечејќи во т.н. „doggy“ поза, додека маж ја држи за косата. Дали треба да објаснуваме? Најдобриот пријател на човекот, куче итн...
На втората фотографија се гледа кучешка огрлица со името на албумот.
„Но фотографијата...“, „Се пријавувам да бидам твоето куче“, „OMG, летово станува сè подобро и подобро“ – се само дел од коментарите што ги преплавија објавата.