Модриќ ги откажал медицинските прегледи со Милан, причината за таквиот потег ги воодушеви навивачите на Реал

Дерби

12/06/2025

14:16

1.081

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ беше најавен како големо засилување за Милан од страна на италијанските медиуми, па иако планот беше да ги одработи и медицинските тестови по крајот на репрезентативните обврски, искусниот Хрват на крајот одбил такво нешто.

Како што информираат угледнит извори од Апенините, Модриќ ги откажал медицинските тестови кои Милан ги закажал за вчеравечер, а причината поради која се одлучил за такво нешто дополнително ги воодушеви навивачите на Реал.

Маестро Лука е жива легенда на Реал Мадрид и набрзо ќе го одигра последниот турнир во белиот дрес, па од почит кон „кралскиот клуб“, им порачал на „росонерите“ дека не може да ги одработи прегледите се додека е под договор со Реал.

Модриќ им појаснил на водечките директори на Милан дека ќе покаже почит кон Реал до последниот работен ден во клубот, по што ќе прави официјален чекор како што се медицински тестови и потпис на договор.

Реал Мадрид првиот натпревар на Светското клупско првенство го игра на 18-ти јуни, а противник на Модриќ и соиграчите ќе биде тимот на Ал Хилал.