[ВИДЕО] Резервистите на Индијана направија клучна разлика, Пејсерси на две победи од НБА историја

Дерби

12/06/2025

09:07

190

Големина на фонт

а а а

Третиот натпревар во големото НБА финале се одигра рано утрово во Индијанаполис, а домашниот тим успеа да профитира од огромната поддршка и поведе со 2:1 во серијата со Оклахома.

Фаворизираните Тандерси останаа без идеи во клучниот период од натпреварот и Индијана покажа повеќе знаење со играчите кои влегоа од клупа, па на крајот сосема заслужено извојува победа со резултат 117:106.

Иако никој не гледаше на нив како било каков кандидат за НБА титулата, Индијана со своите изданија во финалето покажува дека е зрела за шампионски прстен, па сега ја делат само два чекори од такво нешто.

Резервистите на Индијана рано утрово постигнаа 49 поени и ја направија главната разлика на теренот, бидејќи на спротивната страна, играчите од клупа на Оклахома постигнаа само 8 поени.

Бенедикт Матурин имаше неверојатно издание и постигна 27 поени како играч од клупа, што е најдобар биланс за еден резервист на финале натпревар од 2011-та година наваму.

Од стартерите, најдобар беше Тајрис Халибартон кој го заврши мечот со 22 поени, 9 скокови и 11 асистенции, а извонреден беше и Сиакам со 21 поен.

Важна работа за Пејсерси беше и тоа што го скротија Шеј Гилџес Александер кој постигна 24 поени, а два повеќе уфрли Вилијамс.