Италија се најде во небрано по срамниот пораз од Норвешка и водечките луѓе веднаш решија да објавата крај на соработката со Лучијано Спалети, но иако заминувањето беше лесно прифатено од досегашниот селектор, никој не очекуваше дека „аѕурите“ ќе се најдат во ситуација да имаат проблеми во пронаоѓање на адекватна замена.
Откако отпаднаа првите две опции Клаудио Раниери и Стефано Пиоли, работата во свои раце ја презел легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој вчера дури пет пат имал телефонски разговор со новата мета број еден на Федерацијата.
Тим менаџерот кој има и директорска улога во репрезентацијата на Италија е задолжен за договорање на својот поранешен соиграч Џенаро Гатузо, кој отпозадина прерасна во најсериозен кандидат да го наследи „жешкото столче“.
Рино имаше интензивна и тешка сезона во Хајдук и најави дека ќе направи мала пауза од фудбалот, но италијанските медиуми се убедени дека Гатузо како голем патриот нема да го одбие повикот од Италија.
Како што информираат медиумите, Буфон вчера дури пет пати му се јавил на Џенаро, а денеска ја чека конечната одлука од човекот со кого заедно станаа светски шампиони во 2006-та година.