Познатиот „Полицаец од Беверли Хилс“ и еден од најголемите холивудски комичари има десет деца. За време на кратката и бурна врска со пејачката Мелани Браун, попозната како Мел Би, тој доби ќерка, која ја призна дури по тестот за татковство.
Но, тоа не е сè… Ќерката на Еди Марфи, Ејнџел, решила да живее „во согласност со својата вистинска природа“ и сега е – транс маж.
Таа не е првото дете на познати родители што се реши на ваков чекор. Ќерките на Анџелина Џоли и Бред Пит, Џенифер Лопез и Марк Ентони, Бен Афлек и Џенифер Гарнер … Можеби се работи за минлива фаза, како што беше случајот со Шајло, а можеби станува збор за сериозна одлука да се промени не само полот и родот, туку и животот.
Сепак, оваа ситуација не беше проследена со голема медиумска помпа, како што беше случајот со останатите. Едноставно, Ејнџел ги смени своите биографски информации, поточно својата лична заменка, на нејзиниот профил на Инстаграм, и сега се претставува како „тој“. Храбра одлука во свет кој сè уште е склон кон осудување на личните избори. Сепак, најважната поддршка – од родителите и најблиските членови на семејството – не изостана.
Мелани Браун, која минатата недела го прослави својот 50-ти роденден, покажа големо разбирање, велат извори блиски до поранешната членка на бендот „Spice Girls“. Таткото, кој, патем, има вкупно десет деца, имал иста реакција, а најмладото е родено кон крајот на 2018 година.
Неодамна, Ејнџел прослави полнолетство, а нејзината мајка објави трогателна порака на Инстаграм заедно со фотографии од детството. „Гледајќи те како растеш е моја најголема привилегија. Те сакам засекогаш“, напиша Мел Б.
Дека Ејнџел сега е друга личност, покажува и нејзиниот андрогин имиџ: машки гардеробер, кој вклучува широки панталони и маички со принт, кратка коса, плус неколку необични пирсинзи во носот и покрај усните.
Инаку Марфи (64) и Мел Би имале кратка и бурна врска во 2006 година. Иако долго време не сакал да го признае детето, познатиот актер на крајот морал да се помири со резултатите од тестот кој откри дека тој е таткото.
Подоцна, тој се промени и успеа да ги поправи односите, и со пејачката и со Ејнџел, а според изворите, воопшто не му пречи тоа што неговата ќерка сега е транс маж.