Тео Ернандес веројатно ќе биде уште една голема ѕвезда од актуелниот тим на Милан, која ќе го напушти „Сан Сиро“ уште ова лето, а самиот фудбалер веќе има фаворизирана следна дестинација.
Левиот бек дојде во Милано во периодот кога трансфер потезите ги влечеше Паоло Малдини, а по заминувањето на клупската легенда од раководството, дојдоа и многу послаби изданија и критики од фановите за францускиот интернационалец.
Игли Таре и Макс Алегри планираат поголема реконструкција на екипата и нема да му прават проблеми на Тео да замине, посебно што неговиот договор истекува следното лето, но ќе очекуваат и соодветна компензација од клубот кој ќе го добие неговиот потпис.
Ако оди според планот на фудбалерот, тоа треба да биде Атлетико Мадрид, бидејќи Ернандес сака да соработува со Диего Симеоне и да го предизвика својот поранешен клуб Реал Мадрид.
За Ернандес се интересира и Ал Хилал на Симоне Инѕаги, но фудбалерот преферира да остане во Европа и сега мора да почека Атлетико да се ослободи од некој играч, за да биде обезбеден буџет за неговиот трансфер.