Марко Арнаутовиќ доби втора шанса да ги брани боите на Интер во завршната етапа во својата кариера, но во низата промени кои ќе следат во клубот, јасно е дека Австриецот нема да биде дел од проектот на Кристијан Киву.
Во изминатите две сезони, Аранутовиќ знаше да биде добар „џокер“ од клупата и покрај тоа што беше далеку од стандардна опција на Симоне Инѕаги, но вториот мандат го заврши со освоен трофеј во Суперкупот, како и историскта титула во Серија А.
Арнаутовиќ беше дел од тимот кој ја придодаде втората ѕвездичка на грбот на Интер со 20-то Скудето, а единствено може да жали што не успеа по вторпат да ја освои Лигата на шампиони.
Искусниот напаѓач ќе доживее нова авантура на 36 години, но пред да дојде до тоа, излезе со кратка прогноза за она што ќе следи во Интер следната сезона.
– Моето време во Интер заврши, повеќе нема да бидам дел од клубот. Му посакувам на Киву се најдобро и верувам дека наредната сезона ќе бидат шампиони. Тоа е мојата прогноза, – изјави Арнаутовиќ за „Скај Италија“.