Очекува драма во битката за врвот: Џерард посочи пет тима кои можат да го предизвикаат Ливерпул во борбата за титулата во ПЛ

Дерби

05/06/2025

11:20

286

Големина на фонт

а а а

Ливерпул беше најдобра екипа во маратонот од 38. кола и сосема заслужно го освои пехарот во Премиер лигата, титула број 20. за нив во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

„Црвените“ најавија активно трансфер лето и со тоа испратија директна порака до ривалите дека имаат намера да останат на врвот и во наредната сезона. Ова дефинитивно ќе биде голем предизвик затоа што секогаш е потешко да се одбрани отколку да се дојде до пехарот особено во Премиер лигата, лига кој е најкомпетитивна и најдобра на светот.

Стивен Џерард во својата кариера никогаш не успеа да триумфира во првенството и од прва рака знае колку е тешко да се дојде до тронот, па според него Ливерпул ќе има дури пет клуба кои ќе го предизвикаат во натпреварувачката 2025/2026.

- Ова е најтешката лига во светот. Ливерпул ќе биде свесен дека Манчестер Сити ќе се врати, Арсенал повторно изгледа посилно, тимови како Челси се развиваат добро, Њукасл и Астон Вила заостануваат. Ливерпул ќе биде добро свесен дека сега ќе бидат оние што ќе бидат ловени. Но, доказите сугерираат дека Ливерпул ќе биде силен на трансфер пазарот, па затоа Ливерпул е тимот што сигурно треба да се фати, - вели Џерард и додава:

- Мислам дека треба да се биде претпазлив со Манчестер Сити и Гвардиола, кој е најдобриот менаџер во светот. Тие тоа го правеа четири години по ред, но го загубија Родри, што беше голем удар за нив. Мислам дека со целосно подготвен состав, а ќе регрутираат и други играчи, тимот што ќе заврши над Сити повторно ќе ја освои титулата и се надевам дека тоа ќе биде Ливерпул, - подвлече Стиви-Џи за „ТНТ Спортс“.