Тирана под полициска опсада пред натпреварот помеѓу Албанија и Србија

Макфакс

07/06/2025

14:00

546

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 2.000 полицајци ќе бидат задолжени за безбедноста пред, за време и по натпреварот меѓу фудбалерите на Албанија и Србија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.

Според информациите од албанската полиција, српскиот тим ќе има посебна придружба од специјални сили, центарот на градот околу стадионот ќе биде блокиран од 15 часот и никој без билет или акредитација нема да може да влезе.

На стадионот се инсталирани најсовремени уреди за препознавање лица, а трибините се покриени со специјални камери.

Исто така, беше објавено дека нема да бидат дозволени дронови во близина на стадионот и дека секое од нив, доколку се појави, ќе биде соборено, со цел да се избегне ситуацијата од Белград во 2014 година.

Во исто време, граничната полиција нема да дозволи влез во земјата на никого со „хулиганско досие“.

Натпреварот помеѓу Албанија и Србија ќе се игра вечерва во 20:45 часот.