Фенербахче и Жозе Мурињо подготвуваат понуда за Душан Влаховиќ, објавија претпладнево италијанските медиуми.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, Фенербахче е подготвен да исполни цела низа лични услови и барања за Душан Влаховиќ, но турскиот клуб, барем засега, не понудил толку пари колку што бара Јувентус за српскиот напаѓач.
Според извештаите, Фенербахче е подготвен да му понуди на Јувентус 30 милиони евра, што е десет милиони помалку од она што Јуве сака да го добие за Влаховиќ ова лето.
Влаховиќ влегува во последната година од договорот со италијанскиот клуб каде што заработуваше околу 10,5 милиони евра годишно, а според договорот што го има, во наредната сезона неговата плата ќе изнесува 12 милиони. Понудата на Фенербахче за Влаховиќ е околу десет милиони по сезона.
Јуве го донесе Влаховиќ од Фиорентина во 2022 година за 85,35 милиони евра.
Според „Газета“, иако понудата на Фенербахче не го задоволува барањето на Јувентус, клубот сигурно ќе ја разгледа, бидејќи интересот на другите клубови е практично непостоечки, а клубот сака да ги заштеди тие 12 милиони што му следуваат на фудбалерот доколку остане во Јувентус.