Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате го избра својот фаворит за најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“.
Ако порано ги имавме Лионел Меси и Кристијано Роналдо како недопирливи, сега тоа повеќе не е случај и од година во година станува се поинтересно, понеизвесно, односно решаваат нијанси.
Се споменуваат повеќе имиња и за оваа година, но според Конате еден е јасен фаворит, Усман Дембеле од Пари Сен Жермен.
- Зборуваме за Ламин Јамал, Килијан Мбапе… Но, никој не зборува за Усман Дембеле. Тој одигра исклучителна сезона. Искрено, немам други зборови да ја опишам. Никој не ја очекуваше. Јас сум најсреќниот човек за него. Искрено, најзаслужен освојувач на Златната топка е Усман Дембеле, - истакна Французинот.