Лијам Делап имаше одлична сезона во дресот на Ипсвич Таун без разлика на тоа што неговиот тим испадна од Премиер лигата.
Напаѓачот постигна 12 гола што не е мала работа со тим кој е аутсајдер и се бори за опстанок, а со тие партии го привлече интересот на доста тимови од Англија, па така за неговиот потпис тргнаа Њукасл, Манчестер Јунајтед, Челси…со тоа што токму овие последниве беа најбрзи, најконретни и ги обезбедија услугите за 30 милиони фунти.
- Го разбирам статусот на овој клуб и можам да ја видам траекторијата по која се движи со овие играчи и главниот тренер. Ќе биде неверојатно место за мене да се развивам и се надевам дека ќе постигнам неверојатни работи тука и ќе му помогнам на клубот да освои повеќе трофеи.
- Растејќи гледајќи го овој клуб и колку неверојатен беше низ годините, сакав да дојдам тука за да освојувам трофеи. Кога разговарав со клубот, сите сакаа да се вратат на самиот врв, а тие имаат квалитет и играчи за да го сторат тоа. Глад и желба да се продолжи со освојување трофеи, да се врати клубот таму каде што припаѓа, тоа е главната цел, - посочи Делап образложувајќи зошто се одлучи да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.