[ФОТО] Пет Фест 2025: Кога семејството, едукацијата и љубовта кон животните се во центарот – резултатот е исклучителен успех

Точка

02/06/2025

21:02

1.321

Големина на фонт

а а а

Вчера (01.06) се одржа Пет Фест 2025, регионален и интернационален семеен настан кој го обедини најдоброто од пет индустријата на едно место.

Настанот беше масовно посетен и исполнет со позитивна енергија, каде љубовта кон животните се преточи во урбана и современа платформа за размена на знаење. Присуствуваа гости од Србија и Бугарија, како и бројни професионалци: ветеринарни доктори, кинолози, одгледувачи, дресери, грумери и хендлери. Дел од настанот беа и институциите – Министерството за внатрешни работи и Царинската управа со специјалните единици К9, Ветеринарниот Факултет и Кинолошкиот сојуз на Република Македонија.


Сите заедно ја испратија истата порака: одговорното сопствеништво е клучот за хумано и безбедно општество. Посебен акцент беше ставен на едукација на најмладите преку креативни и ликовни работилници инспирирани од светот на милениците. Цели семејства уживаа во можноста децата да ги запознаат животните одблиску, да научат основни правила за однесување и да добијат совети од докажани професионалци.


Работилниците беа водени од експерти со долгогодишно искуство и претставуваа вистинска комбинација на игра, учење и забава. Преку ваков пристап, семејствата се зближија уште повеќе преку заедничка активност и нови знаења за грижата за животните. Пет Фест 2025 потврди дека кога семејството, едукацијата и љубовта кон животните се во центарот – резултатот е исклучителен успех.