„Одличен за хрчак“: Жена нарачала базен за кучето, но се изненадила од тоа што ѝ пристигнало

Точка

03/06/2025

19:11

652

Големина на фонт

а а а

Кога Шона Калинан одлучила да му приреди летно изненадување на своето куче, се надевала дека нарачаниот базен ќе биде совршено решение за горештините. Но, кога пакетот пристигнал, веднаш било јасно дека нешто не е во ред. Девојката од Ирска нарачала базен за своето куче Џуниор, со цел да му помогне полесно да ги поднесе топлите денови. Сепак, наместо очекуваната големина, ѝ пристигнал минијатурен базен.

Во видео објавено на "TikTok", што досега е прегледано повеќе од 170.000 пати, 13-годишниот шкотски овчар Џуниор стои во базен толку мал што едвај му ги собира шепите.

Во описот на видеото пишува: „Штотуку му го уништи летото на кучето бидејќи нарача базен со погрешна големина.“

„Го нарачав базенот пред две недели“, изјавила Калинан за "Newsweek". „Бев на одмор кога пристигна и добив порака дека поштарот го доставил. Цела недела го прашував татко ми дали стигнал базенот и тој велеше дека не. Мислел дека ништо не е пристигнато.“

@shonacallinan He took it like a champ though 🥲🤍 #fyp #swimmingpool #dog ♬ original sound - seige knows


„Испадна дека базенот пристигнал во мала пратка, а татко ми не ни помислил дека тоа би можело да биде базен. Требаше да биде доволно голем за лабрадор, но не ги прочитав димензиите и нарачав минијатурен базен само според фотографијата“, додала таа.

Целата ситуација предизвикала лавина реакции и многумина се смееле до солзи.

„Одличен за хрчак“, напишала една корисничка на "TikTok".