[ФОТО] Има само 2 години и е најмладиот член на Менса во историјата: Еве со колку ја прочитал целата прва книга!

Точка

01/06/2025

16:02

1.945

Големина на фонт

а а а

Двегодишниот Џозеф Харис-Биртил од Велика Британија е вистински гениј. Исклучително интелигентното момче на само две години и 182 дена стана најмладиот член на Менса и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди. Ова надарено момче го кажало својот прв збор на само седум месеци и веќе ја има прочитано својата прва книга.

За да бидете член во ексклузивниот клуб, мора да сте во првите 2 проценти, што значи дека Џозеф има коефициент на интелигенција од најмалку 132.

Неговите горди родители, д-р Роуз и Дејвид Харис-Биртил, се надеваат дека нивниот син ќе биде горд на своето достигнување кога ќе порасне. Инаку, Роуз и Дејвид се интелектуалци. Тој е виш предавач на Универзитетот Сент Ендрус, а Роуз е почесен виш предавач на истиот универзитет и директор-уредник на Отворената библиотека на хуманистичките науки, академски издавач со седиште на Универзитетот во Лондон.

Родителите нагласија дека Џозеф отсекогаш бил пред своите години, уште од раѓање.

„Брзо стана јасно дека е исклучително мало суштество, се превртуваше за првпат на пет недели, го кажа својот прв збор на седум месеци и ја прочита својата прва книга на глас од крај до крај на една година и девет месеци“, рекла мајката Роуз.

„На две години и три месеци тој читаше гласно течно 10 минути, можеше да брои до 10 на пет јазици и можеше да брои напред и назад до над 100“, додала таа.

Малиот гениј ја учи и Морзеовата азбука, ја знае грчката азбука и неодамна се заинтересирал за периодниот систем на елементи.


„Неговите интереси се бројни и разновидни, а тој секогаш сака да учи повеќе и сака предизвици“, изјавиле родителите за Гинисовата книга на рекорди.

Сепак, тие додаваат дека тој сè уште не сфатил дека е попаметен од своите врсници.

Покрај љубовта кон читањето, тој е фасциниран и од музиката, слушањето и моментално учи да свири пијано. Обожава да учи нови јазици, да решава математички задачи, да готви, да прави хартиени авиони и да си игра со своите играчки.

„Тој е многу љубезен и грижлив, самоуверен и љубопитен, и неверојатно решителен. Ги сака предизвиците и навистина ужива во сложеноста, без разлика дали станува збор за учење шах или учење нови зборови и концепти со кои не се сретнал претходно“, опишала мајката Роуз.

Роуз и Дејвид решиле да се обратат до Менса за да добијат поголема поддршка за Џозеф откако станало јасно дека напредува брзо поради тоа колку рано почнал да чита.


„Побарав на интернет за да видам дали има дополнителна поддршка и видов дека Менса нуди ресурси и членство за многу надарени деца. Се надеваме дека ова достигнување ќе му даде чувство на гордост кога ќе биде постар, тоа е многу необично признание и целата заслуга му припаѓа нему“, заклучила неговата мајка.

Џозеф учи многу брзо и неговите родители се уверени дека ќе му биде кога ќе тргне на училиште и дека ќе стигне далеку во која било кариера што ќе ја избере.