Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Макфакс

01/06/2025

10:34

204

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на државата, потенцирајќи ги придобивките за целиот народ, но, пред се за младите.

„Бенефитот од влезот во Европа е многустран. Тоа е признание за нашиот идентитет, тоа е економски напредок, тоа е фер судство, тоа се повисоки плати, подобри услови за живот. Но најважно – тоа е начин за обединување на сите Македонци. Во и надвор од земјата“, рече тој.

Филипче нагласи дека евроинтеграцијата не е апстрактен политички проект, туку битка за нормален живот.

„Кога млад човек ќе види дека државата му нуди фер систем, тогаш ќе остане овде. Ако не сториме ништо, ќе изгубиме уште илјадници талентирани млади луѓе. Тоа не смее да се дозволи“, истакна претседателот на СДСМ.

Според него, социјалдемократите се посветени на тој пат, како наследници на АСНОМ и Илинден, со силна европска визија.

„Вие сте наследници на илинденците и асномците. Тоа е свето наследство. Наша обврска е да ја продолжиме нивната борба – денес преку знаење, учество, идеи. И да ја однесеме Македонија таму каде што припаѓа – во европското семејство на народите“, заклучи Филипче.