Русите се огласија по преговорите: Решени три клучни прашања

Макфакс

02/06/2025

18:46

3.172

Големина на фонт

а а а

Русија ѝ предаде на Украина нацрт-меморандум за решавање на кризата, соопшти шефот на руската делегација Владимир Медински по завршувањето на средбата во Истанбул.

По завршената рунда преговори, Медински изјави дека станува збор за меморандум со предлог за мирно решавање на конфликтот.

Тој нагласи дека е постигнат договор за размена на болни и тешко повредени заробеници по принципот „сите за сите“.


Дополнително, е договорено Русија да ги пренесе посмртните останки на 6.000 загинати украински војници следната недела, за да можат да бидат достојно погребани, пренесува "BBC".

Со цел собирање на телата на загинатите, од хигиенски причини, Русија предложила привремени примирја во траење од 2 до 3 дена на одредени делови од фронтот.


„Москва и Киев ќе разменат борци помлади од 25 години. Ќе биде формирана комисија за размена на тешко повредени војници без политички одлуки“, изјави Медински.

Русија ѝ понудила на Украина „конкретно примирје“ од два до три дена на определени фронтовски линии.