Американски сенатор ѝ испрати застрашувачка порака на Грета Тунберг која плови кон Газа

Точка

02/06/2025

22:31

2.553

Големина на фонт

а а а

Американскиот сенатор Линдзи Грахам во неделата предизвика жестоки критики поради неговата објава на социјалните мрежи за 22-годишната шведска климатска активистка Грета Тунберг.

Грахам сподели статија за присуството на Тунберг на флотила која оди кон Газа, чии патници се обидуваат да достават хуманитарна помош до палестинскиот народ, среде повеќемесечната израелска блокада која предизвика глад.

„Се надевам дека Грета и нејзините пријатели знаат да пливаат!“, напиша на платформата Икс главниот сојузник на претседателот Доналд Трамп и цврст поддржувач на Израел.

Поради оваа објава критичарите на Грахам го нарекоа „лош човек“.

„Во нормална земја, ваков твит би бил дисквалификувачки за јавна функција“, напиша еден корисник на Икс.


Исто така и истакнатиот новинар Мехди Хасан ја коментираше објавата на Грахам: „Актуелен сенатор на САД се заканува со бомбардирање ненасилни активисти – вклучувајќи ја и Грета Тунберг. Тешко е да се опише колку социопатски, ментално растроени и криминални станале некои од произраелските луѓе“.