Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 30 степени

Макфакс

01/06/2025

10:17

148

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а максималните од 18 до 30 степени целзиусови.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 12, а максималната 30 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на температурата на воздухот.