Бруно Фернандеш е многу блиску до разделба со Манчестер Јунајтед и ситуација во која фудбалските фанови ќе можат да ги следат неговите настапи на претстојното Светско клупско првенство.
Португалецот е разочаран од ситуацијата во редовите на премиерлигашот, а неговиот агент вчера имал позитивни преговори со Ал Хилал, клубот кој е подготвен да одвои цело богатство за да го добие капитенот на „црвените ѓаволи“.
Најавите се дека на Бруно му се понудени 200 милиони фунти за три сезони, сума која не може ни да ја замисли во Европа, а со Ал Хилал ќе има можност да учествува и на престижниот клупски мундијал.
Клубот од Саудиска Арабија истовремено е подготвен да плати околу 100 милиони фунти за овој трансфер, сума која и тоа како му е потребна на Јунајтед во ситуација кога менаџерот Рубен Аморим планира поголема реконструкција на ростерот.
„Мирор“ тврди дека дека Бруно добил ултиматум според кој ќе треба да ја донесе конечната одлука во рок од 72 часа, бидејќи Ал Хилал сака брзо да ја реши оваа ситуација, или пак да се фокусира на друг фудбалер.