Тренерот на Несторовски направи подвиг со Славен, па како награда го презема Динамо

Дерби

30/05/2025

12:50

156

Големина на фонт

а а а

Славен Белупо не успеа да ја изненади Ријека во финалето на хрватскиот фудбалски Куп, но сепак зад себе остава одлична сезона, во која посебно забележителен настап имаше и нашиот интернационалец Илија Несторовски.

Составот од Копривница вчера загуби со минимални 1:0 во вториот од двата натпревара од Купот, а тренерот Марио Ковачевиќ по крајот на средбата признал дека има договор со Динамо Загреб.

Поголемиот и потрофеен клуб решил да му ја понуди испразнетата тренерска позиција токму на Ковачевиќ, кој е прв избор на новиот директор Звонимир Бобан.

– Треба да го преземам Динамо, иако додека не го потпишам договорот, ништо не е сигурно. Имаме договор, но треба да биде финализиран, – рекол Ковачевиќ кој направи подвиг со Славен сезонава.

Тимот на Несторовски ја заврши сезоната на петтото место, а поразот во финалето на Купот и дефинитивно е потврда дека сепак нема да биде дел од европските купови и покрај една од најдобрите сезони во клупската историја.