Сопругата на принцот Алберт II секогаш ја гледаме во луксузни изданија, но сега се надминала себеси со модна комбинација од глава до пети во црвена боја.
Принцезата Шарлин од Монако спаѓа во најдобро облечените членки на кралските семејства во Европа, а малку е познато дека таа е убедливо прва на листата на оние кои издвојуваат најмногу пари за облека.
Притоа, таа се издвојува и со впечатливиот стил и модните експерименти какви не ги гледаме кај Кејт Мидлтон и кралицата Летиција и во секоја прилика изгледа поразлично, но и делува многу шик.
Последен пат со својот изглед воодушевила на трката за Големата награда во Монако, каде присуствувала заедно со сопругот Алберт и уште неколку членови од кралското семејство.
За оваа прилика, Шарлин избрала да носи стајлинг во црвена боја, а повторно не штедела за да остави впечаток.
Принцезата од Монако се појавила во елегантни „Louis Vuitton“ црвени панталони со рамен крој кои ги искомбинирала со блуза од истиот бренд, изработена од свила.
Станува збор за многу луксузно модно парче, чија цена изнесува 2.200 долари, а истата префинето се закопчува и ги нагласува рамениците.
Шарлин со оваа модна комбинација носела и салонки на висока потпетица од модниот бренд „Manolo Blahnik“.
Стајлингот го заокружила со очила за сонце од брендот „Fendi“ и уште еднаш докажала зошто ѝ нема рамен кога станува збор за стилот.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на принцезата Шарлин?