Доктор открива една заедничка работа која ја забележал кај сите луѓе помлади од 45 години кои заболеле од канцер.
Д-р Николас де Вито, онколог од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, истакнал дека тој и неговите колеги во последниве години забележале промена во профилот на пациентите кои доаѓаат во нивната клиника.
Како што наведуваат, има сѐ поголем број на млади луѓе кои бараат онколошка помош, а како една од клучните причини за тоа било честото консумирање нездрава, индустриски преработена храна.
Денес се проценува дека речиси 75 отсто од храната која луѓето ја консумирале спаѓа во категоријата ултра преработена, богата со адитиви и со потенцијално штетни состојки.
Бројни истражувања укажале на врската меѓу исхраната која се должи на високо обработени производи и појава на над 30 различни здравствени состојби, вклучувајќи и разни видови карциноми.
Претходни студии покажуваат дека преработената храна исто така може да ја промени состојбата на желудникот, односно колекцијата на здравите бактерии во нашето тело.
Исто така докажано е дека овие намирници ги иритираат ѕидовите на цревата и можат да предизвикаат хронични воспаленија, а сето тоа придонесува во зголемување на шансите за канцер.
Ширум светот, бројот на случаите со канцер кај младите луѓе се зголемил за неверојатни 79 отсто, а смртноста пораснала за 28 отсто, пренесува „Mirror“.