Мурињо е пред отказ, проблем е оштетната клаузула

Макфакс

28/05/2025

13:24

487

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо не успеа да му ја врати титулата на Фенербахче, не успеа да оствари значаен резултат оваа сезона. Двојната круна во Турција ја освои најголемиот ривал Галатасарај, а Фенер не успеа да оствари забележителен резултат ниту во Лига Европа.

Жозе Мурињо се наоѓа под голем притисок, трпи критики, не само порди резултатите, туку и поради однесувањето и изјавите што ги даваше во текот на сезоната.

Според медиумите, Мурињо и неговиот тим дното го допреа во последното коло, кога доживеаја пораз 4:2 од Хатајспор, еден од најлошите тимови во Суерлигата на Турција.

Турскиот „Фанатик“ пишува дека разделбата е сигурна опција, но дека најголемата пречка е оштетната клаузула во договорот на искусниот тренер. Имено, клаузулата што ја има во договорот со Фенербахче вели дека во случај на отказ има право на 14.000.000 евра и нема да се откаже од нив, а претседателот Али Коч не е спремен да му ја исплати целата сума. Затоа, се бара решение.

Исто така, веќе е во тек лицитирање со имињата што би можеле да го наследат, а познато е дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, е на списокот на Фенер.