ПСЖ ги заврши домашните обврски и сега целосно е фокусиран на саботното финале во Лигата на шампионите, во кое ќе се бори за прв трофеј во најелитното европско натпреварување, во својата клупската историја.
Клупската легенда Раи деновиве гостувал на конференција во Париз и пред новинарите истакнал дек очекува победа на ПСЖ во дуелот со Интер.
– Интер има квалитетен тим, но ПСЖ е фаворит и постојат големи шанси првпат да ја освојат Лигата на шампионите.
– ПСЖ има колективен квалитет, се работи за млади играчи кои можат да бидат заедно уште неколку сезони, а според мене се фаворити за финалето бидејќи претходно елиминираа тимови како Ливерпул и Арсенал.
– Знаеме дека Интер ја елиминира Барселона, но она што ме воодушевува кај ПСЖ е ефективниот начин на игра во напад и одбрана, сите фудбалери се инволвирани во двете фази и тоа е витално во модерниот фудбал. Мислам дека е вистинско време и ќе биде заслужено ако ПСЖ го освои првиот трофеј во ЛШ, – рекол Раи, кој со ПСЖ го освои Купот на победници на куповите во 1996 година.