Халибартон испорача историски трипл-дабл, Индијана на чекор до финалето

Дерби

28/05/2025

11:47

150

Големина на фонт

а а а

Индијана Пејсерс стигна до трета победа (130:121) во серијата со Њујорк и е на чекор до пласман во големото финале на НБА плејофот.

Тајрис Халибартон уште еднаш им одржа лекција на ривалите и се запиша во историјата со уникатен трипл-дабл, каков што досега не е регистриран во НБА плејофот.

Ѕвездата на Индијана го заврши натпреварот со 32 поени, 15 асистенции и 12 скокови и стана прв играч со ефект од најмалку 30-15-10 без да има изгубена топка во текот на дуелот.

Пејсерс доминираа пред своите фанови и водеа во текот на целото второ полувреме, па сега ќе патуваат во Њујорк во обид да обезбедат финале на гостински терен.

Сиакам со 30 и Матурин со 20 поени го следеа најрасположениот Халибартон, додека кај Њујорк, Брансон постигна 31 поен.